Алергии на храна


Алергии на храна врз основа на серумски специфичен ИгЕ 



Алергијата кон храна се дефинира како несакан имун одговор кој се јавува при повторувачки изложувања на било кој вид на храна и може да биде посредувана со имуноглобулин Е (ИгЕ) противтела или не – ИгЕ посредувана. Алергиската реакција кон храна е доста честа и според последните истражувања се јавува кај 6-8% од децата, а во последните три декади забележан е пораст во инциденцата на алергии кон храна. Доколку се сомневаме за ИгЕ посредувана реакција на храната треба да се направат лабораториски испитувања и да се одредат вкупните и специфичните ИгЕ противтела кон различните видови на храна.


Време за извршување анализи 7,00-20,00 секој работен ден, Сабота до 7,00-12,00 час.