Алергијата претставува реакција на имунолошкиот систем како резултат на туѓите супстанци (алергени) внесени во организмот. Најчести предизвикувачи на алергиите се: воздушни алергени (полен, мувла, грини, животински перут), храна (школки, кикирики, ореви, јајца, риба), отров од инсекти, латекс, лекови. Алергенот претставува супстанца која е препознаена од имунолошкиот систем, кој продуцира IgE антитела против него. Кога алергенот ќе навлезе во телото, тој е препознаен од IgE антителата, со што се ослободува внатрешни медијатори што резултира со појава на симптоми на алергија. Реакциите кои се јавуваат се: зголемена температура, астма, алергиски конјуктивис, егзема, уртикарија, алергиски шок.