БИОХЕМИСКА ЛАБОРАТОРИЈА - ГЛИЦИДЕН СТАТУС


Гликоза

Клиничко значење:

Гликозата е најважен извор на енергија во организмот. При нејзино разградување се ослободува голема количина на енергија, неопходна за сите витални процеси.

Варирања на гликозата може да доведат до различни физички и психички промени во организмот.

Намаленото ниво на гликоза во крвта (хипогликемија),  го компромитира снабдувањето на организмот со енергија, која се  се манифестира со некои од симптомите: чувство на глад, малаксаност, зголемено потење, прозевање, тремот и тресење, неконтролирани емоции.

Зголеменото ниво на гликоза (хипергликемија), е најчест показател за шеќерна болест т.е. дијабет.



HbA1c (Гликозилиран хемоглобин)

Клиничко значење:

Гликозилиран хемоглобин (HbA1c), е форма на хемоглобин кој се врзува со гликозата. HbA1c служи како маркер за одредување на просечното ниво на гликоза во крвта во текот на претходните 3 месеци.(животен век на црвените крвни клетки).

Одредувањето на HbA1c се препорачува да се направи најмалку два пати годишно кај пациенти кои имаат регулирана гликемија, додека кај пациенти со покачени вредности на гликоза (дијабетичари), на секој 3 месеци.



Инсулин

Клиничко значење:

Инсулинот е хормон кој се лачи во панкреасот. Значаен е за регулација на гликозата во крвта, со што учествува во метаболизмот на јагленитехидрати и мастите во организмот. Неговата примарна улога е внес на гликозата од крвта во клетките, каде што е неопходна како основен извор на енергија. Исто така инсулинот овозможува прекумерната гликоза да се складира во мускулите и во црниот дроб (гликогенеза).


ОGTT (Орален тест за толеранција на гликоза)

Клиничко значење:

Овој тест се користи во дијагноза на дијабет и интолеранција на гликоза.

Со неколкукратно одредување на гликозата во крвта на гладно и по оптеретување, се прати нејзината концентрацијата во крвта во одредени временски интервали.