ВИТАМИН Д


ВИТАМИН Д


ИСПИТУВАЊЕ НА ВИТАМИН Д ( 25 OH VITAMIN D )

Главната функција на витаминот Д е регулација на нивоата на калциумот, фосфорот и во помала мера на магнезиумот во крвта.
Витаминот Д е есенцијален елемент за формирањето и растењето на забите и коските, без овој елемент коските се меки, со малформации и не можат сами да се репарираат предизвикуваќи состојба наречена рахитис, а кај возрасните остеомалација. Витаминот Д исто така има улога во формирањето и диференцирањето на многу други ткива и во регулација на имуниот систем. 
Недостатокот на витаминот Д кај доенчињата и малите деца може да предизвика рахитис. Тоа е болест на коските за која е карактеристично омкнување на коскеното ткиво. Коските стануваат многу осетливи, често и лесно се свиткуваат и се кршат. Други симптoми на болеста се намалена мускулна сила и мускулен тонус. Поради недостатокот навитамин Д децата можат да бидат уморни, што може да биде последица на ослабен имунолошки систем и зголемена осетливост на инфекции.










Дијагностичка лабораторија 95-медика врши испитување навитамин Д на најсовремена апаратура и тестови. Анализата на витаминот Д се прави преку крв. Не е потребна предходна припрема за изведувањето на овој тест. 
Високата сензитивнот на тестовите кои ги користи дијагностичката лабораторија 95-Mедика овозможуваат тестот да биде изработен и од капиларна крв, со што се одбегнува венската пункција кај малите деца. Нашиот високо стручен тим ќе се погрижи да ги добиете Вашите резултати истиот ден.

Искористете ја можноста да го испитате нивото на витаминот Д кај Вашето дете во дијагностичката лабораторија 95-Медика .

Исто така направивме и пакет за комплетан Јонограм (K,Ca,Ca++,Na,Cl,Mg,P) и Витаминот Д.