Диабетес или шеќерна болест


ДИЈАБЕТ (ШЕЌЕРНА БОЛЕСТ)



Шеќерната болест е хронично заболување кое се појавува кога панкреасот не продуцира доволно инсулин или пак кога веќе произведениот инсулин телото не може ефективно да го искористи. Инсулинот е хормон кој го регулира нивото на шеќер во крвта. Хипергликемијата или покаченото ниво на шеќер во крвта е честа компликација од неконтрoлираниот дијабет, која доколку не се третира во подолг временски период предизвикува сериозни оштетувања на телесните органи, поготово на нервниот систем и крвните садови.

Постојат три типови на дијабес и тоа се:

1. Тип 1 дијабетес

2. Тип 2 дијабетес

3. Гестациски дијабет

Предијабетес е состојба во која индивидуалци имаат покачен шеќер во крвта, но сепак не можат да се вбројат во класата на дијабетичари. Овие луѓе имаат зголемeн ризик за појава на дијабет тип 2, срцеви заболувања и мозочен удар.

Во тек на подолг временски период шеќерната болест:

• Го зголемува ризикот за појава на срцев удар и мозочен удар. 50% од луѓето кои имаат дијaбет умираат од кардиоваскуларни болести. Во периодот од 2005-2008 година, кај луѓето со дијабет на возраст од 20 години или повеќе, направена е студија од СЗО и утврдено е дека 67% од нив имале висок крвен притисок;

Според податоците од СЗО, 346 милиони луѓе во светот умираат од дијабет. Во 2004 година, 3.4 милиони луѓе умреле од последиците кои ги носи високото ниво на шеќер во крвта. Повеќе од 80% од смртните случаи со дијабет се случуваат во земјите со низок и среден приход. Според СЗО, смртните случаи од дијабет, двојно ќе се зголемат во периодот од 2005 до 2030 година.

Според податоците од Регистарот за дијабет во Р. Македонија (Извор:Институт за јавно здравје,Скопје) во 2006 година вкупниот број на регистрирани нови случаи од шеќерна болест бил 1522, од кои што 692 мажи и 830 жени. За истата година, вкупниот број на регистрирани лица заболени од дијабет изнесувал 29 122, од кои што 11 916 мажи и 17 806 жени.

Препораки:

За намалување на ризикот од појава на дијабет треба да се практикува здрава исхрана (повеќе овошје и зеленчук, намалување на внес на шеќери и сатурирани масти), редовна физичка активност (најмалку 30 мин. на ден), одржување на нормална телесна тежина и избегнување на употреба на тутун (бидејќи го зголемува ризикот за појава на кардиоваскуларни болести). Доколку луѓето имаат сознанија дека некој во нивната фамилија имал дијабет, треба да одат на редовни контроли за мерење на шеќерот во крвта.

Кај луѓето кои имаат дијабет се препорачуваат истите овие мерки, но и употреба на инсулин или апчиња и диета, со кои ќе го намалат нивото на шеќер во крвта, посета на едукации каде ќе научат правилна употреба на апаратчињата за мерење на глукоза во крвта. Многу луѓе кои имаат дијабет, во комбинација со терапијата против истиот, треба да користат и лекови за контрола на холестеролот и крвниот притисок.