Ензимски статус



    • AST
    • ALT
    • GGT
    • LDH 
    • CK
    • CK-MB
    • АМИЛАЗА
    • АЛКАЛНА ФОСФАТАЗА
    • КИСЕЛА ФОСФАТАЗА
    • ЛИПАЗА


    Време за извршување анализи 7,00-20,00 секој работен ден, Сабота до 7,00-12,00 час.


    Ензимите се биолошки катализатори, т.е. тие ги забрзуваат биолошките процеси во организмот, без притоа нивниот состав и количество да се изменат. Ги има во сите органели во клетката. По својата хемиска природа се прости или сложени протеини. Ензимите кои по својата структура се сложени протеини, се состојат од протеинска компонента (апоензим) и непротеинска компонента (коензим или простетична група), притоа образувајќи холоензим. Ензимите кои се прости протеини, се изградени само од протеини (прости белковини).



    Аспартат трансаминаза (AST) е трансаминаза ензим кој го катализира реверзибилниот трансфер на α-амино групата помеѓу аспартатот и глутаматот. AST ја има во црниот дробсрцетоскелетните мускулибубрезитемозокот и црвените крвни клетки. Серумското ниво на AST, серумското ниво на ALT (аланин трансаминаза) и нивниот однос (AST/ALT однос претставуваат биомаркери за функцијата на црниот дроб.



    Алфа-амилаза

    Клиничко значење:

    Алфа амилазата ја катализира разградбата на скробот и гликогенот од храната до малтоза.

    Таа се наоѓа во плунката и секрат на панкреасот, во црниот дроб, јајоводите и мускулите.

    Се излачува преку урината.

    Најважна примена  на алфа амилазата е во дијагноза на акутниот панкреатит, кога вредностите се многу покачени.



    Панкреасна амилаза

    Клиничко значење:

    Покачувањето на алфа амилазната активност не е специфично индикативна за пореметувања на панкреасната функција, со оглед дека ензимот се излачува и од плунковите жлезди и др. органи.

    Клиничката евалуација на пациенти со акутен панкреатит покажува дека  панкреасната амилаза е многу по осетлива отколку вкупната или алфа амилазата.


    GGT (Гама глутамат транспептидаза)

    Клиничко значење:

    Гама глутамат трансферазата е најзастапена во црниот дроб, бубрезите, срцето и мозокот.

    Зголемени вредности се јавуваат при:

    - заболувања и оштетувања на црниот дроб

    - воспалувања на панкреасот

    - инфаркт на срцевиот мускул и др.

    LDH (Лактат дехидрогеназа)

    Клиничко значење:

    Ензимот LDH е широко застапен во организмот.

    Зголемена активност на овој ензим посочува на степенот на оштетување на клетките.

    Значајна зголемување се јавува при оштетувања на срцевиот мускул, некои хематолошки заболувања и друго.

    CK (Креатин киназа)

    Клиничко значење:

    Ензимот креатин киназа има три изоензими застапени во срцевиот мускул, мускулите и мозокот.

    Зголемена активност се јавува при оштетување на соответните ткива и органи. ( срцевиот мускул, воспалување на мускулите и на мозокот.)

    Липаза

    Клиничко значење:

    Липазата ги разградува мастите од храната и овозможува нивна  апсорбција во цревата.

    Најзастапена е во усната празнина, панкреасот и желудникот.

    Нејзиното одредување има значење  во дијгностицирање и мониторинг на заболувања на панкреасот.

    ACP (Кисела фосфатаза)

    Клиничко значење:

    Ензимот кисела фосфатаза е најзастапен во простатата. 

    Одредувањето на овој ензим има клиничко значење во дијагноза и мониторинг на заболувања на простата, како и на следење од ефектот на терапиското лекување.