ИМУНОЛОШКИ СТАТУС И СПЕЦИФИЧНИ ПРОТЕИНИ


ИМУНОЛОШКИ СТАТУС И СПЕЦИФИЧНИ ПРОТЕИНИ


  • Имуноглобулините во серумот кај здравите луѓе се од класите IgA, IgG, IgM, IgD, IgE.

    Тие создаваат плазма клетки како резултат на хуморалниот имун одговор, кога организмот ќе дојде во контакт со антигените.

    Зголемени вредности на концентрацијата на имуноглобулините во крвта се јавуваат при заболувања на црниот дроб (хепатитис, цироза), акутни и хронични инфекции, автоимуни болести и друго.


IgE total (Вкупен имуноглобулин Е)

Клиничко значење:

Има важна улога во тип II хиперсензитивност, која се манифестира со разни алергиски рекции како што се алергиска астма, повеќе типови на синузитис, алергиски ринитис, алергии на храна, хронична уртикарија и атопичен дерматитис. Се јавува како одговор на алергени како што се: анафилактични дроги, убоди од пчела и антиген препарати кои се користат во имунотерапијата.

CPR (Ц реактивен протеин)

Клиничко значење:

CPR претставува гликопротеин на акутна фаза кој се создава во црниот дроб при акутни инфламации и многу други заболувања. Претставува добар тест за диференцирање на вирусните од бактериските инфекции.

RF (Реуматоиден фактор)

Клиничко значење:

Реума фактор претставува антитела кои се присутни кај 80% од заболените од реуматоиден артрит. Можат да се јават зголемени вредности и кај други болести како: системски еритемски лупус, бактериски ендокардитис, туберкулоза, сифилис.

ASO (Антистрептолизин О)

Клиничко значење:

Со овој тест се открива присуство на антителото спрема антигенот кој го лачи стрептолизинот О, од групата на А стрептококите. Тестот е базиран на неутрализација на хемолитичката активност на стрептолизин О токсин од антистрептолизинските О антитела во серумот.


Helicobacter pylori IgМ

Клиничко значење:

Многу истражувања посочуваат на причинска поврзаност при појава на гастритис, улкус (чир) на желудникот и дванаесетпалечното црево со инфекција од хеликобактер. Повеќе од 50% од популацијата е инфицирано со оваа бактерија, а половината од инфицираните немаат симптоми. Инфекцијата со хеликобактерот се пренесува феко-оралнен, орално-орален пат. Инфекцијата со оваа бактерија значително ја нарушува физиологијата на желудечната секреција.