МЕТАБОЛИТИ - ДЕГРАДАЦИОНИ ПРОДУКТИ
* Билирубин вкупен
* Билирубин директен
* Билирубин индиректен
* Уреа
* Креатинин
* Мокрачна киселина
Билирубин вкупен
Клиничко значење:
Билирубинот е краен продукт на распаѓање на хемоглобинот,
Во црниот дроб се конјугира и се екскретира преку жолчката. Конјугираниот билирубин уште се нарекува и директен, а неконјугираниот – индиректен.
Во урината може да се појави само директниот билирубин што е знак за црнодробно заболување.
При хемолиза се покачува неконјугираниот (индиректен) билирубин.
Клиничното значење за одредувањето на билирубинот се однесува на дијагнозата на жолтица и пратење на лекувањето од истата.
Билирубин директен
Клиничко значење:
Претставува краен продукт на распаѓање на хемоглобинот, се конјугира во црниот дроб и се екскретира преку жолчката. Конјугираниот билирубин уште се нарекува и директен, а неконјугираниот – индиректен. Во урината може да се појави само директниот билирубин и е параметар за црнодробно заболување. При хемолиза се покачува неконјугираниот (индиректен) билирубин.
Клиничното значење за одредувањето на билирубинот се однесува на дијагнозата на жолтица и пратење на истата.
Билирубин индиректен

Уреа
Клиничко значење:
Краен метаболен продукт од катаболизмот на протеините. Се отстранува од организмот преку бубрезите со иста брзина со која настанува, за да не дојде до натрупување во крвта и појава на уремија.
Концентрацијата на уреа се зголемува при бубрежни заболувања и затоа нејзиното одредување во серум и урина се користи за следење на фунцијата на бубрезите.
Креатинин
Клиничко значење:
Метаболички производ на креатинин и фосфокреатинин од мускулите.
Клиничкото значење на одредувањето на креатининот е во дијагноза и третман на бубрежни заболувања.
Концентрацијата на креатинин се одредува во серум и урина.
Мочна киселина
Клиничко значење:
Производ на катаболизмот (разложувањето) на пурините. Зголемени вредности се јавуваат кај ГИХТ (таложење на кристали на мочна киселина во зглобовите), заради намалена филтрација на бубрезите. Може да се јават и кај висок крвен притисок, трудници, алкохолишари, труење со храна и др. Намалената концентрација е без дијагностичко значење.
Концентрација се одредува во серум и урина.