Општа Амбуланта

ОПШТА МЕДИЦИНА


Услуги

Матична служба во ПЗУ 95-Медика  вклучува една амбуланта по општа медицина со два тима матични лекари кои овозможуваат брза и ефикасна услуга во две смени. Нашиот тим работи повеќе од десет години заедно, градејќи доверба и разбирање помеѓу пациентите и соработниците, а со тоа нашите пациенти добиваат брза и квалитетна услуга за прегледите, упатите и рецептурата. 

Потребна документација за преглед кај матичен лекар:

      Со имплементрање на Електронската Здравствена Картичка (ЕЗК) во ПЗЗ потребна документација за преглед кај својот матичен лекар е само ЕЗК и приложување на тековна или постара медицинска документација за комплетирање на прегледот.

 

      Прегледот кај матичниот лекар не се закажува.

 

      Приватниот преглед се наплаќа кај доктор од ПЗЗ во согласност на референтните цени на Министерство за здравство на Р Македонија.

 


      Избор на матичен лекар:Секој здравствено осигуран граѓанин на Р. Македонија има право за сопствен избор на матичен лекар. Пријавувањето се врши лично со приложување на Електронската Здравствена Картичка (ЕЗК) или без  (ЕЗК) во просториите на ПЗУ 95-Медика Прилеп


               Услуги

 
Потребна документација за преглед кај матичен лекар:

Со имплементрање на Електронската Здравствена Картичка (ЕЗК) во ПЗЗ потребна документација за преглед кај својот матичен лекар е само ЕЗК и приложување на тековна или постара медицинска документација за комплетирање на прегледот.

      Прегледот кај матичниот лекар не се закажува.

 

      Приватниот преглед се наплаќа кај доктор од ПЗЗ во согласност на референтните цени на Министерство за здравство на Р Македонија.


      Избор на матичен лекар:
      Секој здравствено осигуран граѓанин на Р. Македонија има право за сопствен избор на матичен лекар. Пријавувањето се врши во просториите на ПЗУ 95-Медика на ул.Андон Слабејко бр.16 


                Домашна посета


               Домашните посети и прегледи извршени од стана на медицинскиот тим составен од доктор и мед. сестра нудат медицинска асистенција, проценка на состојбата на болниот, проверка на примањето редовна медикаментозна терапија и при тоа социјална интеракција со болниот. При влошена општа состојба и/или кај пациентите со хронични заболувања во домашни услови можат да се извршат следните услуги:

  • - Општ преглед
  • - Екг
  • - Земање крв за лабараториска анализа
  • - Инфузиони раствори
  • - Инхалација
  • - Ампуларна терапија