hs Troponin I

Клиничко значење:

Тропонин е комплекс од три регулаторни протеини (C, I и Т), кој учествува во мускулната контракција. Тропонин I е прв избор за кардијален маркер при AMI (акутен миокарден инфаркт) со оглед дека има највисока сензитивност и специфичност.

Неговото одредување во крвта помага да се диференцира нестабилна ангина пекторис (градна болка) од инфаркт. Да се нагласи дека Тропонинот не е само

маркер за АMI, туку воопшто е важен за оштетување на срцевиот мускул.