Маркери за анемија
Fe (Серумско железо)
Клиничко значење:
Железото е составен дел на хемоглобинот koj го врзува кислородот и го пренесува до сите клетки.
Дневните вредностите на железото во крвта се многу варијабилни, (и до 100%), заради малата концентација во циркулацијата (0,1%). Поради тоа, најдобар параметар за резервите на железо е одредувањето на трансфеин и феритин.
Концентрацијата на железото во крвта е од големо значење за дијагностика и следење на феро дефицитната анемија.
Феритин
Клиничко значење:
Феритинот претставува комплекс на протеини и железо.
Се наоѓа во сите ткива, а најмногу го има во коскената срцевина, во црниот дроб и слезенката.
Нивото на феритинот во серумот е одраз на целокупната количина на железо во телото.
Трансферин
Клиничко значење:
Трансферинот претставува гликопротеин кој има улога во:
- дијагноза, диференцијална дијагноза и следење на промените
во метаболизмот на железото кај различни етиологии.
TIBC (Вкупен капацитет на врзување на железото)
Клиничко значење:
Железото во крвта се пренесува со протеинот трансферин. Од количината на трансферин зависи колку железо може да се врзе, односно колкав е вкупниот капацитет на врзување на железотo (TIBC).
Пораст на TIBC се јавува кога е ниска концентрацијата на железо, заради компензаторна синтеза на трансферин и кај некроза на црниот дроб заради отпуштање на феритин.
UIBC (Незаситен капацитет на врзување на железото)
Клиничко значење:
Физиолошки, само еден дел од серумскиот трансферин е врзан за железото, а другиот е слободен, т.е. незаситен.
Тој дел на трансферинот кој сеуште може да врзе железо се означува как незаситен капацитет на врзување на железото (UIBC).
Витамин Б12 (Vitamin B12)
Клиничко значење:
Витаминот Б 12 е неопходен во метаболичките процеси, синтеза на ДНК и регенерација на црвени крвни зрнца.
Причини за негов дефицит најчесто се: атрофија на желудечната слузница, оштетување на цревата, губење на цревниот витамин В12 и др.
Недостатокот на витаминот В12 предизвикува мегалобластна анемија.